Португалците со подвиг – реванш со камата за „лалињата“ и пласман на СП 2023

Португалија со извонредно гостинско издание славеше против Холандија со 28-35, правејќи подвиг за пласман на ракометниот мундијал што во 2023 година ќе се одржи во Полска и во Шведска.

„Лалињата“ имаа предност од 33-30 од првиот меч и се очекуваше денеска да го визираат само второто учество на СП во ракометната историја на оваа земја. Сепак, Португалија одигра беспрекорен меч, уште во првото полувреме поведувајќи со 9-14. Холанѓаните за момент се вратија, на полувреме се замина со резултат 15-17, но Португалија продолжи да доминира и во вториот дел, за убедлива победа и заслужен пласман на СП.

Мота да Коста со осум и Боргес со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот состав, додека Кеи Смитс со седум гола беше прв стрелец на холандската репрезентација при овој убедлив пораз.

Се вчитува...