Лео Меси за првпат се појави во јавноста по трагичната смрт на неговиот татко, откако најдобриот светски фудбалер објави долго писмо наменето токму на човекот што му беше од најголема помош во кариерата.
„Татко, се уште не можам да поверувам дека те нема. Не можам да го прифатам тоа, или подобро речено – не сакам. Тешко ми е да замислам дека никогаш повеќе нема да те видам, дека веќе нема да разговарае. Знам дека многу патеше, дека вака е најдобро за сите, но си замина прерано. Требаше да направиме уште толку многу работи заедно“, почна Лео.
Лео обелодени дека неговиот татко се наоѓал во тешка состојба во текот на целиот мундијал, што било дополнителен товар за него.
„Ти беше тој што секогаш ме молеше да одиграмм уште едно светско првенство, но состојбата ти се влоши непосредно пред мундијалот. За првпат не можеше да дојдеш на турнирот, а мама ми говореше дека ќе оздравиш, дека ќе бидеш доволно здрав да дојдеш ако стигнеме до финалето. По секој завршен меч чекав порака од тебе. Не добив ниту една. Тогаш вистински увидов кога е ситуацијата сериозна. Бев фокусиран да ја одведам Аргентина што подалеку, да играме финале, а ти да дојдеш на трибините. Но, ти не можеше да си таму ниту на тој последен меч. Сакав да победам за да ти покажам уште еден трофеј, но не можев, нозете едноставно не можеа да издржат“, продолжува Меси во писмото до починатиот татко.
Од она што го пишува големиот ас, јасно е дека состојбата на неговиот татко била крајно сериозна.
„Кога се вратив од СП, мислеше дека сме загубиле на пенали…. Никогаш не успеавме да поразговараме за се што се случи. Не станавме шампиони, но не можам да ти опишам колку уживавме во секој натпревар“ објаснува Лео.
Воедно, Аргентинецот го најави она од што стравуваат неговите најголеми фанови, дека смртта на Жорге Меси ќе го забрза пензионирањето на Лео.
„Не знам како без тебе, не знам како да продолжам понатаму. Се што сум правел некогаш е играњето фудбал, а сега сериозно се сомневам дека тоа ќе го правам уште долго. Беше крај мене од самиот почеток, сега ми останна уште малку до самиот крај. Зошто не издржа уште малку, да кажеме збогум заедно“, емотивен е Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
