Познат кечер призна убиство на фејсбук: Направив да исчезне, никогаш не го најдоа

Поранешната „WWE“ ѕвезда Марти Џенети на „фејсбук“ призна дека извршил убиство. Иако брзо ја избриша објавата во која тврди дека „направил човек да исчезне“, приказната веќе излезе во јавноста и 60-годишникот веќе се наоѓа во големи проблеми.

„Никогаш на никого му немам кажано, дури ни на својот брат Џено, бидејќи тој би го убил во тој случај, а не сакав да останам без брат. Тој човек само што дојде од Виетнам. Имав само 13 години, а тој ме одведе позади зграда и се обиде да направи знаете што. Тогаш за првпат направив човек да исчезне, повеќе никој не го виде“, напиша Џенети. 

Џенети славата ја стекна на крајот на осумдесетите години на минатиот век како дел од групата „Роксерс“ со Шон Мајклс.

Се вчитува...