Познати се нови шокатни детали од смртта на Диего Армандо Марадона

Диего Армандо Марадона почина во ноември 2020 година дома од срцева слабост додека се опоравуваше од операцијата за отстранување на згрутчување на крвта. Речиси четири и пол години подоцна започна судењето на седуммина членови на неговиот медицински тим, кое се очекува да трае неколку месеци.

Додека траеше судењето, Колин Кембел, лекар кој беше сосед на славниот Аргентинец, ги шокираше сите со своето сведочење. Тој истакна дека во трагичната ноќ во куќата на Марадона немало дефибрилатори или други неопходни средства за нега кои би требало да бидат достапни за неодамна оперираните лица.

„Куќата беше многу валкана, особено просторијата во која беше Марадона. Немаше основни хигиенски услови или медицинска опрема. Марадона беше мртов повеќе од два часа. Во неговата соба немаше ништо да помогне во реанимација, ниту кислород, ниту дефибрилатор“, изјави Кембел.

Се вчитува...