„НЕПРОБОЛ!“ – Фемили Аерором изразија сочуство за трагедијата во Кочани (ФОТО)

Најверните навивачи на МЗТ Скопје, популарните „Фемили Аеродром“ на социјалните мрежи објавија фотографија од СЦ „Јане Сандански“ каде денеска им оддадоа почит на загинатите во трагедијата во Кочани.

Со 59 запалени свеќи аеродромци изразија сочувство и воедно искажаа поддршка на оние кои се уште се борат за својот живот.

„НЕПРЕБОЛ! Македо“„нија тагува. Загубивме 59 животи, 59 семејства останаа завиени во црно. Саати одминуваат, но болката и револтот не поминуваат. Со 59 свеќи искажуваме сочувство на блиските на загинатите, и даваме поддршка на оние кои се уште се борат. Почивајте во мир“, стои во објавата на „Фемили“.

Се вчитува...