Пресврт: Конте останува на чело на Челси

Вчерашниот дебакл против Вотфорд сепак нема да биде пресуден за Антонио Конте, Италијанецот останува тренер на Челси, барем во следните неколку седмици. Според извори на британскиот „Би-Би-Си“, раководството на актуелниот англиски првак нема да му даде отказ на Конте, бидејќи двата последователни негативни резултати, против Бурнемаут и Вотфорд, не се доволна причина за да направи смена на шефот на стручниот штаб.

Фактот дека Челси се уште се бори за едно од местата кое води во ЛШ, се уште учествуваат во осминафиналето од Лигата на шампионите, како и англискиот ФА куп, раководството смета дека сега не е вистинско време за смена на стратег во критичен период. Особено што е јасно дека нов менаџер нема веднаш да ги исправи работите. Доколку во следниот период Челси продолжи да реди негативни резултати, поточно да не ги реализираат амбициите, ангажирање на наследник на Конте ќе биде неизбежно.

Конте има целосна поддршка од своите играчи, Куртоа и Кејхил тврдат дека токму тие, играчите, треба да ја преземат вината за лошите резултати, а не нивниот тренер кој минатата сезона беше најголемиот фактор во освојување на титулата во Англија.

Значи, елиминација од Барселона во првата нокаут рунда во ЛШ, како и потфрлување во обидот да се обезбеди пласман за елитното европско натпреварување за следната сезона, со сигурност ќе го остават Конте без работа. Во пооптимистично сценарио, Италијанецот ќе го почека крајот на оваа сезона, пред да донесе одлука околу својата иднина.

Се вчитува...