Пресврт победа на Србљак во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Горазд Србљак по голема борба и маратонски меч (два прекина поради дожд) успеа да оствари победа во првото коло од ИТФ М15 турнирот во Куршумлијска Бања. Тој го совлада Карлос Гиралди од Шпанија (18 години) со 2-1 во сетови (5-7, 7-5 и 6-0) за 2.55 часа. Во следната рунда Србљак ќе игра против Ласе Потнер од Германија (18 години, 1383.место), кој го совлада седмиот носител Максим Жуков со 2-1 во сетови.

Првите два сета беа во збакот на пресврти, па по водството на Србљак од 3-1 во гемови, противникот поведе со 4-3, но следуваа два гема за Србљак и водство од 5-4, но сепак Гиралди го доби првиот сет откако имаше серија од три гема со 7-5. Во следниот гем Србљак поведе со 2-0, но шпанскиот тенисер имаше водство од 4-3, за сепак по 5-5 – македонскиот тенисер да го освои сетот со 7-5. Серијата гемови за Србљак продолжи и по двата од финишот на вториот сет заврши со убедливите 6-0 во решавачкиот сет и осум освоени гемови во низа.

Се вчитува...