Пресврт: Тринкиери извиси, Јасикевичиус е нов тренер на Фенербахче

Шарунас Јасикевичиус е конечниот избор на Фенербахче во потрагата по нов тренер на турскиот гигант откако денеска беше прекината соработката со Димитрис Итудис.

Турските медиуми најавија дека Јасикевичиус ја одбил понудата на Фенер бидејќи му бил даден само договор до крајот на сезонава, истите извори тврдеа дека е постигнат целосен договор со Андреа Тринкиери, но италијанскиот стручњак на крајот извиси во трката за ова атрактивно тренерско место во Евролигата.

Првиот човек на Фенербахче, Али Коч, во последните часови лично преговарал со Јасикевичиус, по што на крајот е постигнат договор Литванецот да седи на клупата на Фенер до 2026 година. Екс-тренерот на Барселона во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Истанбул, ќе одржи еден тренинг со новиот тим, а потоа и ќе го води тимот на дуелот со Монако закажан за петок.

Се вчитува...