Привремениот менаџер на Абердин: Миовски е нашиот херој, му кажав дека на секој меч кога се игра за Абердин мора да се биде одличен!

Привремениот менаџер на Абердин, Бери Робсон, кој го замени Џим Гудвин, и тоа како не може да го сокрие задоволството од изданието на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој е најзаслужен за вчерашната победа на Абердин над Мадервил од 3-1.

Миовски беше прогласен за играч на натпреварот, а Робсон вели дека го очекувал тоа

„Бојан играше одлично и под водство на Гудвин, тој е нашиот херој, но потоа следеше оној несакан период со лоши игри на целиот тим. Тоа што му кажав и на Миовски пред мечот е дека кога се игра за Абердин не може да се биде одличен на еден меч, а потоа да те нема на терен на следниот, и тој и Дјук го разбраа тоа. Тие и двајцата се две одлични момчиња, и јас навистина сум презадоволен од нив. Ете сега Бојан ни ја донесе победата“ – истакна Робсон по вчерашниот натпревар.

Привремениот менаџер вели дека Абердин останува со амбициите за излез на европската сцена следната сезона.

„Навивачите се извонредни со нас, секогаш со максимална поддршка, и затоа ние секое коло да дадеме се за да бидат задоволни. Нашите цели секако се уште се излез на европската сцена следната сезона, и шансите се уште постојат. Но, мора да бидеме се подобри на следните натпревари“ – вели Робсон.

Се вчитува...