Промашување на кариерата на Петр Чех – подарок гол за Свонси (видео)

ПЕтр Чех уште долго ќе го памети вечерашниот дуел против Свонси, на кој искусниот голман на Арсенал ја направи можеби и најголемата грешка во својата голманска кариера.

По една повратна топка од Мустафи за очекување беше Чех рутински да ја исфрли кон средината на теренот, но ветеранот не се снајде најдобро и ја одби само кратко до Ају, кој немаше проблеми да ја смести во мрежата.

Се вчитува...