Пропадна големата размена меѓу Интер и ПСЖ

Откако Томас Тухел доби отказ во Пари Сен Жермен, веднаш почнаа шпекулациите дека Кристијан Ериксен ќе биде нов фудбалер на францускиот шампион. Имено, прв кандидат за слободното место во тимот од Париз е Маурисио Покетино, тренер со кој Ериксен ги имаше најдобрите партии во кариерата во Тотенхем.

Сепак, француските медиуми пишуваат дека неговиот трансфер нема да се случи, бидејќи Леандро Паредес не сака да го напушти „Паркот на принцовите“ и да се пресели во Италија. Доколку Паредес не сака да премине на „Џузепе Меаца“, на клубот од Париз финансиски не му одговара да го доведе Данецот, а и големиот број на фудбалери кои играат на иста позиција во средниот ред е причина поради која Ериксен нема да го засили европскиот вицешампион.

Се вчитува...