Пропадна трансферот на Гехи во Ливерпул

Марк Гехи нема да ја продолжи кариерата во Ливерпул откако Кристал Палас не даде „зелено светло“ за реализација на трансферот и покрај успешните преговори со англискиот репрезентативец и поминатите лекарски прегледи.

Овој натпревар наидува на големо разочарување кај фановите на Ливерпул, но на големо задоволство кај навивачите на Кристал Палас кои ќе задржат барем еден од најдобрите фудбалери во екипата. Тоа воедно значи дека и во тимот ќе остане тренерот Оливер Гласнер кој се закани со отказ доколку биде реализиран трансферот на Геи.

Нереализацијата на трансферот се должи и на неуспешните преговори со Игор Хулио, бразилскиот стопер од редовите на Брајтон.

Се вчитува...