Провокација од навивачите на Дортмунд кон Левандовски, му скандираа „Меси, Меси“ (ВИДЕО)

Баерн синоќа во контроверзен натпревар, успеа да го совлада тимот на Борусија Дортмунд и тоа во Дортмунд. Левандовски постигна два гола во победата од 2:3, со што „Баварците“ се одлепија на првото место на табелата со четири бодови предност.

Но, навивачите на Борусија кои беа околу 10 илјади на „Сигнал Идуна Парк“, го провоцираа својот поранешен миленик. Откако Полјакот се подготвуваше да изведе слободен удар, од трибините се слушаше скандирање „Меси, Меси“… Алудираа кон тоа дека Меси ја освои Златната топка, иако имаше полоша сезона од полскиот интернационалец.

 

Се вчитува...