Само еден ден мина, а Маурицио Покетино веќе се соочи со првиот проблем како тренер на ПСЖ откако коронавирусот се врати во таборот на актуелниот европски вицепрвак.
Вообичаените тестирања покажале еден позитивен фудбалер, по што за утре се закажани нови тестови, со надеж дека овој случај ќе остане изолиран. Клубот не го објави идентитетот на заразениот играч, но француските медиуми обелоденија дека станува збор за плејмејкерот Рафиња. Овој фудбалер дефинитивно ќе го пропушти првиот меч на ПСЖ под водство на Покетино, на 6 јануари на гостински терен против Сент Етјен.
ПСЖ моментно се наоѓа на третото место во францускиот шампионат, со еден бод заостанување зад водечките Лион и Лил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА