Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 23. КОЛО
Битката за опстанок ќе биде жешка во последните 10 кола од ПМФЛ. Беса направи големо изненадување со победата на Чаир над Шкупи, а победата остана во сенка на прекрасниот гол на Влатко Стојановски. Некогашниот репрезентативец постигна гол од 50 метри, кој сигурно ќе биде прогласен за најубав на сезоната. Со оваа победа Беса се израмни со Воска и со Тиквеш, и сега сите имаат по 18 бодови. Две екипи ќе испаднат, една ќе игра бараж, а тука во мртва трка за опстнакот се уште и АП Брера и Вардар. Тешко ќе биде за верување дека Вардар ќе се најде во опасната зона, со оглед на резултатите од пролетниот дел. Одново „црвнео-црните“ останаа непоразени, и ја продолжија успешната серија во првенството. Се спасија од пораз во Кратово со гол во последните секунди на Омерагиќ. Тиквеш и Воска Спорт претрпеа минимални порази од Работнички, односно Струга ТЛ, па и се приклучија на Беса во битката за останување во „елитата“. Шкендија се врати на победничките патеки, па го совлада Пелистер со 1-0, а Силекс и Гостивар „киксираа“, па затоа тетовските „црвено-црните“ повторно се издвоија на чело на табелата. Гостивар не успеа како домаќин да ја совлада екипата на АП Брера, а Силекс не го победи Вардар. На мечот во Кратово на крајот имаше и немили сцени, па тренерот на кратовци Васоски ќе мора еден месец на „ладење“. Работнички се врати во битката за титулата со победата над Тиквеш. Пеналот беше начинот на кој „романтичарите“ славеа над Тиквеш, и така ги оживеаја шансите за титула, а се поблиску им е и Европа.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Влатко Стојановски (Беса)
Прекрасен гол, и победа на неговиот тим на „Чаир“. Затоа Влатко Стојановски го понесува епитетот играч на 23. коло според Екипа. Стојановски постигна спектакуларен гол, најубав во оваа сезона, а што е најважно неговиот тим ја продолжува битката за опстанок во првенството. После оние разочарувачки 0-5 на домашен терен од Силекс, тимот од Добридол се врати на најдобар можен начин.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)
После поразот од Струга ТЛ минатото коло од 3-0, Шкендија на домашен терен го совлада Пелисте со 1-0, па повторно избега на првото место на табелата. Иако беше тешко, сепак, на крајот со голот на Ибраими тетовските „црвено-црни“ славеа и така се наметнаа како најсериозни кандидати за првото место.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Влатко Стојановски (Беса)
Без дилеми, голот на колото му припаѓа на Влатко Стојановски. Уште еднаш, погледнете го овој спектакуларен момент на играчот на Беса кој на „Чаир“ погоди од повеќе од 50 метри. Навистина спектакуларно.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА