ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Младите „вардарци“ – чесно, одважно! Реми на Шкупи и Работнички!

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО – 22. КОЛО…

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Шабани 90′ – Маркоски 68′

Битола: ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ (0-0)

Турново: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-1)

Балдовалиев 24′(п) – Гафури 45′

Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС (2-3)

Попзлатанов 2′, 84′ – Глигоров 21′, Тимов 35′, Реџепи 45′(аг)

ВЧЕРА: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 3-0

ТАБЕЛА: Шкендија 56 бодаВардар 42, Силекс(-2) 35, Работнички 28, Шкупи 28, Академија Пандев 27, Ренова 22, Победа 21Пелистер(-1) 21, Скопје(-1) 13 бода.

============================================================================

Крај и на „Филип Втори“. Младинците на Вардар загубија од Силекс. Чесно и одважно на младите вардарови фудбалери кои изненадувачки, со срамна одлука на нивното раководство, се впуштени на мегдан во Првата лига.

Крај и во Турново. Поделба на бодовите меѓу Академија Пандев и Ренова

Крај на натпреварот во Маџари. Реми (1-1) меѓу Шкупи и Работнички

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 90’ – ГООООЛ за Шкупи. Буњамин Шабани успеа со шут од десетина метри да го израмни резултатот

ВАРДАР – СИЛЕКС (2-3)

2-3 – 84′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Антовски нафрли од левата страна, а Попзлатанов мајсторски од непосредна близина стрела за намалување на предноста на гостите

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 68’ – ГООООЛ за Работнички… По центрашутот од десната страна, Кире Маркоски одлично реагираше, ја прими топката и ја смести во мрежата на Зендели

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

!!!! – 62’ – Шкупи не реализира пенал. Митрев стартуваше над Баже Илијоски за удар од белата точка. Но, голманот на Работнички, Ристо Јанков го одбрани ударот од белата точка на Муарем Бајрами

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

50’ – Шабани шутира откосо од левата страна, но Митрев изблокира во корнер

Почеток на второто полувреме на сите четири натпревари од 22. коло во ПМФЛ

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

ВАРДАР – СИЛЕКС (1-3)

1-3 – 45′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По центаршутот од слободен удар на Глигоров, Реџепи со глава постигнува автогол

АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 45′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Арџент Гафури носи израмнување за Ренова

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

35’ – Шкупи го погоди дирекот од голот на Јанков, но топката се одби во поле, а потоа голманот на Работнички успеа да ја фати во рацете

ВАРДАР – СИЛЕКС (1-2)

1-2 – 35′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По корнерот од десната страна, Стојчевски на вториот дирек но топката се одбива до Тимов кој од 12 метри ниско по земја прецизно стрела во мрежата на Алексовски

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

20’ – Виктор Ангелов изведе слободен удар од 22 метри, шутираше прецизно, но Зендели го одбрани неговиот шут

АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 24′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Зоран Балдовалиев од пенал носи предност за струмичани во Турново

ВАРДАР – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 21′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По нафрлањето од десната страна, Глигоров осамен пред голот на Вардар со глава сместува во мрежата од голот на Алексовски

ВАРДАР – СИЛЕКС (1-0)

16′ – Добар шут на Али Адем, но за малку покрај голот на Силекс

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

12′ – Прв удар во рамките на голот на фудбалерите на Шкупи. Илијоски се обиде со удар од 18 метри, но без проблеми по голот на Работнички

ВАРДАР – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 2′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Комичен гол за „црвено-црните“. Голем кикс на голманот на Силекс, Митровиќ кој дозволува гол во својата мрежа по шутот на Попзлатанов од 20 метри

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 22. КОЛО ВО ПМФЛ

Ниту новонастанатите случувања во и околу најтрофејниот македонски клуб не придонесоа барем мала мобилизација на навивачкото ткиво и поголема посета на трибините на нашиот најголем стадион. Па, како и претходно, и младинците на Вардар против Силекс ќе се докажуваат пред празни трибини на „Филип Втори“.

  • Поради бојкот кон ФФМ, раководството на Вардар одлучи денешниот натпревар против Силекс да се игра со младински состав…

==========================================================================================

Стартуваат натпреварите од 22. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Интересна пресметка на „Филип Втори“ пред се и поради одлуката на Вардар против Силекс да игра со младински состав.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...