Прва радост за Хофенхајм во 2023 година, „кикс“ на Лајпциг против Бохум

Хофенхајм конечно ја прекина катастрофалната серија на резултати од стартот на годината, триумфирајќи над Херта со 3-1 и ставајќи крај на повеќемесечната пауза без триумф во Буднес-лигата. Фудбалерите на Хофенхајм попладнево беа на вистина на задачата, со два пенала на Андреј Крамариќ уште во првото полувреме поведоа со 2-0, а на 3-0 во вториот дел во второто полувреме зголеми Бебу. Се што успеаја гостите од Берлин да направат беше почесниот погодок што во судиското продолжение го постигна Јоветиќ.

Лајпциг загуби нови бодови во трката за висок пласман со неочекуваниот пораз на гостувањето против Бохум. Елиминацијата од ЛШ и убедливиот пораз од Манчестер Сити очигледно оставија трага врз фудбалерите на Лајпциг, кои одиграа далеку под своите можности и загубија со голот што го примија во второто полувреме од  Машовиќ.

Драматично беше на мечот Аугсбург – Шалке, на кој домаќините и со играч помалку имаа предност се до 90. минута, но Шалке се спаси од пораз со голот од пенал што во продолжението го постигна Бултер.

Резултати Германија:

Хофенхајм – Херта 3-1, Бохум – Лајпциг 1-0, Аугсбург – Шалке 1-1, Штутгарт – Волфсбург 0-1.

Се вчитува...