Прволигашката кошарка продолжува денеска во Скопје, Куманово, Битола и Гевгелија со натпреварите од 3. коло од Суперлигата и плеј-аутот со тоа што во победничката фаза ќе биде одигран само еден натпревар, додека со три меча ќе се комплетира колото во борбата за опстанок.
Пелистер кој веќе се „чекираше“ во плеј-офот со почеток од 18 часот и 30 минути го пречекува Гостивар. „Сино-белите“ на гостувањето во Битола одат со нов тренер, Никола Димитриески кој подолго време е во клубот па нема да му треба многу време да ја „состави сложувалката“.
Натпреварот е од далеку поголемо значење за гостите кои во моментот се наоѓаат на шестата позиција на табелата со скор од 13 победи и 11 порази.
Во плеј-аутот само чудо може да ги спаси Ангели и МЗТ Скопје 2 од преминување во Втората кошаркарска лига, а за надежите да продолжат и по денешното коло „зелено-белите“ ќе мораат да слават на домашен терен против Работнички (17:00), додека „сино-белите“ на гостувањето кај Кожув (19:oo).
Покрај овие два ќе биде одигран и натпреварот помеѓу Куманово и Академија ФМП со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА