Првоосомничениот за убиството на Тот и се предаде на полицијата

Лицето A.Ѓ., првоосомничено за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, се предало на полицијата во Скопје, соопшти утринава Основното јавно обвинителство Скопје.

Тој ќе биде спроведен во притвор, бидејќи за него судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.​ Во притвор се и другите двајца осомничени за убиството што се случи на 7 април пред дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк.

Претходно, обвинителството соопшти дека тројца, меѓу кои и 19-годишна девојка, се осомничени за убиство на хрватскиот ракометар на Бутел, Денис Тот, кој почина на КАРИЛ. Двајца од осомничените беа лишени од слобода на 9 април и беа пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, додека по првоосомничениот се трагаше и беше распишан централен распис. Тие се идентифиувани врз основа на прегледаните видеозаписи од безбедносни камери – Safe City и ноќниот клуб каде се случило убиството.

Се вчитува...