ПСЖ доведе напаѓач од Евертон

Францускиот првак Пари Сен Жермен го засили нападот со младиот напаѓач на Евертон, Моисе Кин. Тој ќе игра во дресот на ПСЖ како позајмен играч оваа сезона. Со ова е пополнета празнината која се појави по заминувањето на Единсон Кавани кој треба да потпише за Манчестер Јунајтед.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, инсистираше да биде доведен нов офанзивец кој треба да биде поддршка за Мауро Икарди. Најверојатно од ПСЖ ќе замине и Чупо Мотинг кој ќе се пресели во Баерн Минхен.

Се вчитува...