ПСЖ го доби Каен во Купот на Франција, но го загуби Нејмар за мечот со Барселона? (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен го совлада Каен со минимални 0-1 во Купот на Франција, но тренерот на „светците“ Маурисио Покетино треба да биде загрижен бидејќи на шест дена до првиот меч од Лигата на шампионите против Барселона, Нејмар поради повреда мораше да го напушти мечот во 60. минута.

Кеан во 49. минута го постигна победничкиот погодок, но како се наближува роденденот на сестрата на Нејмар, одличниот Бразилец повторно се жали на повреди. Дополнителните прегледи кои ќе бидат утре ќе покажат дали Покетино ќе може да смета на неговите услуги на првиот меч против Барселона.

 

Се вчитува...