ПСЖ го договорил Жоргињо од Челси

Пари Сен Жермен дополнително се засилува пред крајот на летниот трансферен прозорец. Францускиот првак ги договорил условите на играчот од средниот ред на Челси, Жоргињо, информираат медиумите во Франција. Тој во наредните неколку дена треба да пристигне на медицински прегледи во Париз и да потпише за тимот од „Паркот на принцовите“.

Двата клуба преговараат во каква форма да биде заминувањето, дали Жоргињо да игра како позајмен играч оваа сезона или пак да реализира комплетен трансфер. ПСЖ би сакал да го добие на позајмица, но Челси инсистира да добие 50 милиони евра за бразилскиот интернационалец кој има италијански пасош.

По почетниот резултатски шок и десеткуваниот тим, ПСЖ полека се врати во победнички ритам во францускиот шампионат.

Се вчитува...