ПСЖ ја најде замената за Килијан Мбапе

Францускиот шампион Пари Сен Жермен полека се подготвува за животот по Килијан Мбапе кој најави дека на крајот на сезоната ќе го напушти тимот од „Паркот на принцовите“. Португалските медиуми пренесуваат дека парите кои ПСЖ ќе ги заработи од трансферот на Мбапе ќе ги потроши на доведување на ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.

Одамна е познато дека Мбапе е на мета на Реал Мадрид, а бидејќи неговиот договор истекува во 2022 година од ПСЖ за да заработат нешто ќе го пуштат на крајот на оваа сезона. Феликс има договор со Атлетико Мадрид до 2026 година, а клаузулата за негово заминување изнесува неверојатни 350 милиони евра.

Сепак, Парижаните веруваат дека поради последиците од пандемијата од коронавирусот тимот од главниот град на Шпанија ќе прифати далеку помала сума за неговите услуги.

Се вчитува...