ПСЖ објави: Нејмар цел месец „во аут“

Повредата на Нејмар заработена на вчерашниот куп-дуел со Каен не е нималку наивна, па бразилскиот генијалец ќе мора да паузира најмалку еден месец од фудбалските терени. Деталните прегледи покажаа дека повредата е сериозна, а првичните прогнози на лекарите на „светците“ се дека Покетино најмалку триесет дена нема да може да смета на еден од своите најдобри фудбалери.

Овa значи дека Нејмар ќе го пропушти двомечот од Лигата на Шампионите против Барселона, со што продолжува трендот бразилскиот ас да паузира во клучните европски натпревари во осминафиналето од елитното европско натпреварување.

Бразилецот секоја година во овој период заработува незгодна повреда и отсуствува подолг период од терените, за потоа на 11 март да биде во татковината на роденденската прослава на својата сестра. Овојпат прогнозите на лекарите се дека камбекот на Нејмар би се случил околу овој датум, па интересно ќе биде да се види дали оваа „серија“ на Бразилецот ќе продолжи и годинава.

Се вчитува...