ПСЖ ќе биде сериозно ослабен на утрешниот дуел со Барселона во осминафиналето од Лигата на Шампионите откако двајца клучни играчи на францускиот првак останаа во Париз за да продолжат со рехабилитацијата од повредата.
Анхел ди Марија поради повреда на мускулот ќе отсуствува уште десетина дена од терените, додека кај Нејмар паузата е уште подолга, па се очекува бразилскиот голгетер да го пропушти и реваншот против својот поранешен клуб.
Добра вест за Покетино е што Марко Верати ги надмина проблемите со повредата и ќе настапи од првата минута на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА