ПСЖ се извлече против Ница – „Светците“ ќе имаат тешка задача да ја одбранат титулата (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до тешка победа на домашен терен од 2-1 над Ница во натпревар од 25. коло во француската Лига 1. „Светците“ поведоа со голот на Жулиен Дрекслер во 22. минута. Рони Лопез во 50. израмни на 1-1, а од нов срам тимот од главниот град на Франција го спаси Мојсе Кеан во 76. минута.

Со триумфот ПСЖ се врати на врвот на табелата со 54 бода, исто колку што има и второпласираниот Лил кој има и натпревар помалку, додека Ница останува 13. со 29 бода.

 

 

Се вчитува...