ПСЖ сигурен против Ним, победи и на Лион и Монако (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го надминаа поразот од Лориен со триумф над Ним од 3-0. Стрелци за светците беа Ди Марија, Сарабија и Мбапе. Олимпик Лион продолжува со одличните настапи сезонава откако триумфираше на гостувањето кај Дижон со 0-1, а победничкиот гол го постигна Пакета во 22. минута.

Монако триумфираше на домашен терен со 2-1 против Ница. Бен Једер од пенал донесе водство за „кнезевите“ во 28. минута. На 1-1 израмни Мелу во 47, а конечните 2-1 ги постави Бен Једер со својот втор гол во 51. минута.

 

 

Се вчитува...