ПСЖ со неодолива понуда – се чека одговорот на Рамос

После долги 16 години, се по извесно е дека Реал Мадрид ќе се раздели од Серхио Рамос. Капитенот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Севилја летото 2005 година, а сè останато е историја. Договорот му истекува на крајот од сезонава, а Флорентино Перез се уште не му доставил понуда за продолжување на соработката, насочувајќи се кон Давид Алаба како нов командант на одбраната на најтрофејниот европски клуб.

Како најсериозен кандидат се споменува ПСЖ, тим што веќе на маса има дадено примамлива понуда за Рамос. Според пшанските медиуми, Рамос има на маса тригодишен договор со „светците“ вреден 15 милиони евра по сезона, сума што никој нема да може да ја израмни со оглед на возраста на шпанскиот ветеран. Се чека одговорот на Рамос, кој најверојатно ќе тактизира уште најмалку еден месец пред и официјално да пресече и да го објави името на новиот клуб.

Шпанскиот репрезентативец со Реал има освоено пет шампионски титули во Шпанија, четири Лиги на шампиони, четири Суперкупа на Шпанија, четири Светски клупски шампионати, три УЕФА Супер купа и два трофеи во Копа дел реј.

Се вчитува...