ПСЖ во нов обид да го доведе Кулибали

Францускиот првак Пари Сен Жермен има сериозна потреба од нов квалитетен дефанзивец. По заминувањето на Тијаго Силва, тренерот Томас Тухел сака да има во ростерот нов стопер, а одамна негов „пик“ за засилување е Сенегалецот Калиду Кулбали. Спортскиот директор Леонардо даде нова понуда вредна 60 милиони евра за Наполи и го очекува одговорот од Аурелио де Лаурентис.

Првиот човек на „наполитанците“ долго време ги одбиваше сите понуди за Кулибали, но пандемијата на коронавирусот финансиски сериозно ги разниша клубовите, па Наполи веројатно ќе мора да го продаде одличниот дефанзивец до крајот на летниот преоден рок. Во трка за Калиду Кулибали е и Манчестер Сити, кој исто така долго преговара за ангажман на сенегалскиот интернационалец.

Се вчитува...