Работнички без маки против Кожув за „два од два“ во плеј-аутот

Работнички ја забележа и втората победа во плеј-аутот откако на домашен терен славеше против Кожув со 81-70. „Црвено-белите“ рано стигнаа до двоцифрена предност, а истита не ја испуштија до самиот крај за нови два бода.

Нашиот најтрофеен тим уште на самото отварање на натпреварот успеа да го наметне своето темпо па по првата четвртина имаше предност од 22-16, а веќе до крајот на првото полувреме истата се искачи на 43-26 благодарение на добрата одбрана на скопскиот состав кој дозволи само 10 поени на гостите од Гевгелија во втората четвртина.

Кожув успеа да ги консолидира своите редови во продолжението од средбата, но истото не беше доволно за намалување на предноста на Работнички. Напротив, домаќините ја затворија третата четвртина со серија од 7-0 за високи +20 (62-42) по 30. минути игра со што беа решение дилемите за победник. Последните десет минути беа само формалнсот во кои гевгелискиот тим успеа да го ублажи поразот.

Стефан Балмазовиќ беше предводник на Работнички со 26 поени и 7 скока, додека него го следеа Какруки со 14 поени и 8 скока и Едвин со 12 поени, 10 асистенции и 5 скока. Декардо Деј беше најрасположен во редовите на гостите со 22 поени и 4 асистенции, додека Главчев додаде 14 поени и 6 асистенции, а Оконкво забележа дабл-дабл од 12 поени и 13 скока.

Се вчитува...