Работнички успеа да осигура уште еден значаен потпис за новата сезона, продолжувајќи ја соработката со македонскиот репрезентативец Виктор Ефремовски.
Токму Ефремовски беше лидер на „центарци“ во текот на ланската турбулентна сезона, во која тој беше најдобар суперлигашки стрелец, одигрувајќи и меч за паметење против вицешампионот Маџари на кој постигна дури 50 поени.
Интерес за одличниот шутер покажаа уште неколку македонски екипи, но тој ја потврди лојалноста кон Работнички потпишувајќи нов договор со најтрофејниот македонски клуб.
„КК Работнички АД Скопје со задоволство ја известува јавноста дека, капитенот лидерот на тимот, актуелниот кошгетер во МТЕЛ Супер Лигата и стартер во А-репрезентацијата Виктор Ефремовски, го продолжи договорот со КК Работнички. Следната сезона ќе биде јубилејна десетта сезона за врвниот шутер и лидер на нашата екипа“, објавија „црвено-белите“ од „Градски парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
