Работнички и Шкендија в сабота ќе го отворат 23.коло од Првата лига

Натпреварот меѓу Работнички и Шкендија, во рамките на 23.коло од Првата фудбалска лига, ќе се одигра на 10.март (сабота), со почеток во 14.часот, на арената „Филип Втори“ во Скопје, информира домаќинот на овој меч на својот официјален сајт. Во согласност на двата клуба, тоа ќе биде прв одигран меч од наредното коло во Првата лига. Останатите мечеви според програмата ќе се одиграат в недела.

Во пресрет на 23.коло, Работнички се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 28 бода, додека Шкендија е лидер на табелата, со освоени 56 бода.

Се вчитува...