Работнички ја продолжува шампионската трка – Еден гол доволен за три бода со Тиквеш (ВИДЕО)

Работнички ја продолжува битката за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига откако во последниот натпревар од 23. коло славеше против Тиквеш минимално со 1-0, но доволно за нови важни три бода.

„Романтичарите“ до триумфот дојдоа со голот во 45. минута на Анес Рушевиќ од пенал.

Гостите беа револтирани од одлуката на главниот судија за удар од белата точка, но делителот на правдата остана цврсто на својата одлука. Па, на крајот, прецизен беше Рушевиќ за водство на Работнички, кое до крајот се покажа доволно за три бода.


ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0

Рушевиќ 45′(п)

ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1-0
Ибраими 73′
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1
Алиќ 9′ – Омерагиќ 90’+5
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 2-2
Каланоски 25′, Ајдини 87′ – Велков 45′, Ѓоргиевски 52′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА 1-0
Малески 88′
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 2-3
Асани 32′, Рамани 79′ – Шефити 13′, Лазаров 28′(аг), Стојановски 60′

Се вчитува...