Фудбалерите на Работнички денеска против Тиквеш од 14 часот на стадионот на Комплексот Куќа на фудбалот на ФФМ во обид за продолжување на битката со Шкендија, Силекс и Гостивар за шампионската титула сезонава.
„Романтичарите“ во последниот натпревар од 23. коло со желба за триумф како би го продолжиле приклучокот со водечките за првите три позиции.
Од друга страна, пак, против себе ќе го имаат Тиквеш кого го очекува тешка битка за опстанок до крајот на сезоната, па секој бод е и тоа како значаен за кавадарчани.
ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО
Скопје (денеска, 14 ч.): РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1-0
Ибраими 73′
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1
Алиќ 9′ – Омерагиќ 90’+5
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 2-2
Каланоски 25′, Ајдини 87′ – Велков 45′, Ѓоргиевски 52′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА 1-0
Малески 88′
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 2-3
Асани 32′, Рамани 79′ – Шефити 13′, Лазаров 28′(аг), Стојановски 60′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА