Работнички има предност од 1-0 против Тиквеш на полувремето од последниот натпревар од 23. коло во Првата македонска фубалска лига.
„Романтичарите“ до водството од 1-0 дојдоа со голот во 45. минута на Анес Рушевиќ од пенал.
Гостите беа револтирани од одлуката на главниот судија за удар од белата точка, но делителот на правдата остана цврсто на својата одлука. Па, на крајот, прецизен беше Рушевиќ за водство на Работнички.
ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО
Скопје (прво полувреме): РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0
Рушевиќ 45′(п)
ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1-0
Ибраими 73′
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1
Алиќ 9′ – Омерагиќ 90’+5
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 2-2
Каланоски 25′, Ајдини 87′ – Велков 45′, Ѓоргиевски 52′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА 1-0
Малески 88′
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 2-3
Асани 32′, Рамани 79′ – Шефити 13′, Лазаров 28′(аг), Стојановски 60′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА