Работник е во криза, загуби и од Металопластика

Македонскиот вицепрвак Работник влегува во сериозна криза откако на слабите игри во ЛШ се надоврза и со неочекуван пораз во СЕХА, овојпат на гостувањето во Шабац против Металопластика со резултат 27-26. „Фармацевтите“ одиграа добро само во првите дваесетина минути од мечот, потоа дојде до огромен пад во темпото на нивната игра, што полетниот состав на Металопластика го казни и во драматичен финиш стигна до победата.

Работник има за што да жали ако се знае дека во првиот дел имаше и водство од 4-9, но избраниците на Алушовски како и во бројни случаи претходно сезонава не успеаја да го издржат темпото што самите го наметнаа. На одмор заминаа со само еден гол позитива (11-12), по што во второто полувреме повторно стигнаа до три гола предност (14-17).

Металопластика заигра најдобро кога беше најважно, ја стигна негативата, а потоа во завршницата поведе со 26-24. Вегар со два гола донесе израмнување, но домаќините со голот од пенал во самиот финиш на Матличиќ забележаа огромен триумф.

Вегар со осум и Јотиќ со седум погодоци беа најефикасни во таборот на битолскиот клуб, кој по овој пораз се наоѓа на делба на третото место во групата, заедно со Загреб и Металопластика.

Се вчитува...