Рафа Бенитез на клупата на Олимпик Марсеј

Францускиот Олимпик Марсеј се наоѓа во катастрофална форма и веќе четири натпревари е без победа во сите натпреварувања. Навивачите на тимот се бесни, а својот револт го покажаа со упадто во тренинг центарот на клубот каде беа нападнати и неколку фудбалери.

Андре Вилјаш Боаш вчера си даде отказ од местото тренер на клубот, откако управата му донесе фудбалер на кого не сметал. Француските медиуми пренесуваат дека сите проблеми може да ги сопре, искусниот шпански стратег, Рафаел Бенитез кој е прв фаворит за пополнување на празното столче на „Велодром“.

Популарниот Рафа неодамна се врати од Кина во Европа по двегодишната работа во Далиан, а наводно раководството на тимот веќе е во контакт со Шпанецот како би ги договориле личните услови.

Се вчитува...