Рафаел Надал нема да игра на Вимблдон?!

Рафаел Надал нема да настапи на претстојното издание на Вимблдон, на британскиот гранслем турнир што стартува на 1 јули. Шпанецот веќе подолго време се мачи со повреди, на Ролан Гарос беше елиминиран уште во првото коло од Зверев, а ризикот од нова повреда на тревнатата подлога на Вимблдон е преголем, особено ако се знае дека веднаш по овој турнир ќе следат и Олимписките Игри во Париз.

Шпанскиот селектор на Дејвис-куп репрезентацијата Давид Ферер го вклучи Надал на списокот на патници за Париз, а токму Ферер најави дека Рафа е решен да го прескокне Вимблдон и да се фокусира само на ОИ, каде ќе настапи во дубл заедно со Карлос Алкараз.

„Надал реши да се сконцентрира само на успех на Олимписките Игри. Тој сака да тренира само на земјена подлога, а играње на трева, а потоа враќање на земја би му го нарушило ритамот“, изјави Ферер.

Се очекува само уште официјалната објава од Надал, кој во следните денови би требало да ги разреши сите дилеми на оваа тема.

Се вчитува...