Раиола: Се уште нема официјална понуда од Барса и Реал, Халанд можеби ќе остане во Дортмунд

Мино Раиола, менаџерот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, вели дека неговиот клиент не го чека повикот на Барселона.

Мино потенцираше дека Реал и Барса се уште немаат доставено официјална понуда.

„Халанд не брза и може да чека, немаме преддоговор со ниту еден клуб“, потенцираше Раиола.

21-годишниот фудбалер има договор со „Милионерите“ до крајот на јуни 2024 година.

„Ќе ја бараме најдобрата опција, а исто така никогаш не ја исклучив можноста дека Халанд ќе остане во Борусија уште една година“, заклучи Раиола.

Халанд во моментов е трет стрелец во Бундеслигата со 13 постигнати голови на 11 натпревари.

 

 

 

Се вчитува...