„Рамос и Роналдо се обединуваат во Јувентус“

Серхио Рамос ги ставил преговорите за продолжување на договорот со Реал Мадрид во мирување, а ваквата информација ја „намирисал“ Јувентус кој сака да го доведе капитенот на „кралскиот клуб“ и да го обедини со Кристијано Роналдо. Ваквата сензационална информација ја објави шпанската El Chiringuito TV.

Рамос чиј договор истекува на 30. јуни 2021 година наводно ги прекинал преговите за продолжување на соработката. Оваа можност веднаш сака да ја искористи Јувентус, но според информациите ќе треба да води битка со Пари Сен Жермен кој исто така е заинтересиран за шпанскиот репрезентативец.

Серхио Рамос во Реал Мадрид заработува 11.7 милиони годишно што е речиси идентично колку и платата на младиот Де Лихт во Јувентус.

 

Се вчитува...