Ралф Рангник седна на жешкото столче на „Олд Трафрд“ и веднаш направи промена. Под водство на германскиот стратег Манчестер Јунајтед не знае за пораз триумфирајќи го дуелите со Кристал Палас и Норвич и ремизирајќи во дуелот со Јанг Бојс во Лигата на Шампионите.
Искусниот Германец на клупата на тимот ќе се задржи до крајот на сезоната по што ќе влезе во функционерските води, а планот е во клубот да донесе четири млади Германци на кои тимот треба да се потпре во иднината.
Станува збор за Флоран Фиртз, Лука Нетз, Ерик Мартел и Армел Вела-Котчап, фудбалерите на Баерн Леверкузен, Борусија Менхенгладбах, Лајпциг и Бохум, фудбалери кои важат за едни од најдобрите на својата генерација и за кои веќе постои интерес од европските великани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА