Разделбата се поблиску – Икарди задоцни, Интер го казни

Случајно или не, капитенот на Интер, Мауро Икарди задоцнил на прозивката пред почетокот на подготовките за пролетната полусезона, а клубот го казни со 100 илјади евра.

Тоа покрена нова лавина во италијанските медиуми кои на големо пишуваат за иднината на фудбалерот кој според последните информации, одбил да го подолжи договорот  со Интер.

Незадоволен од односот и од понудените услови, Икарди се обидува да го присили раководството на клубот да се согласи тој да биде продаден.

Претседателот на Интер, Стивен Занг, за продолжување на договорот му нуди седум милиони евра, но сопругата на Икарди која е и негова застапничка во преговорите, Ванда Нара, инсистира на сума од осум милиони евра годишно заедно со бонусите.

Договорот на Икарди со Интер истекува на 30 јуни 2021 година. Во постоечкиот договор и понатаму е актуелна откупната клаузула од 110 милиони евра. Според најавите во медиумите, Реал Мадрид и Челси веќе се подготвени да лицитираат, но Интер одолговлекува со конечната одлука поврзана со иднината на капитенот.

Се вчитува...