По незаборавните доживувања со Real Madrid Foundation Campus Experience во Скопје и во Охрид, следи нов проект во Македонија, наменет за соработка со фудбалски клубови, наречен „Real Madrid Foundation Clinic“. Во него оваа година ќе бидат вклучени македонскиот прволигаш Работнички и второлигашите Кит Го и Тиквеш.
Фудбалските кампови на Реал Мадрид Фондација Клиник нудат уникатна и возбудлива можност да се доживее специјализирана фудбалска обука, доведувајќи ги нивните експертски тренери од најуспешниот светски фудбалски тим.
„Чест ни е што имаме можност да одиме едно скалило погоре и во Македонија да реализираме и проект со фудбалските клубови и школи, според принципот на Реал Мадрид Фондација Клиник. Веруваме дека тоа ќе биде незаборавно искуство за сите, а најголема добивка ќе имаат токму клубовите, нивните младински академии и сите учесници на камповите“, вели Влатко Тодев, првиот човек на „Еуро Спорт Арена“, лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација Клиник.
Младите фудбалери од македонските клубови ќе добијат фантастична можност да ги подобрат фудбалските вештини според принципите на Реал Мадрид Фондација Клиник. Тренерите од фудбалските клубови и школи ќе работат според уникатниот пристап и методите за обука на Реал Мадрид Фондација Клиник.
Освен проектот Клиник во соработка со фудбалските клубови Работнички, Кит Го и Тиквеш кои ќе се реализираат во месец jуни, ќе се реализира и веќе добро познатиот „ Real Madrid Foundation Campus Experience“ кој ќе се реализира во Хотел Бистра, Маврово во месец jули. Од наредната недела, сите заинтересирани веќе ќе можат да се пријават и да бидат дел од големото семејство на најдобриот фудбалски клуб во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА