Реал Мадрид не заборава – спектакуларен дочек за Пабло Ласо (видео)

Реал Мадрид вечерва го пречекува Баерн Минхен во Евролигата, а навивачите на „кралскиот клуб“ му приредија спектакуларен дочек на тренерот Пабло Ласо, кој од сезонава е предводник на баварскиот гигант.

Ласо освои се што можеше да се освои со Реал Мадрид, имаше и срцев удар додека беше тренер на „кралевите“, по што на крајот доби отказ и беше заменет со помошникот Чус Матео.

Фановите не заборавија што се стори Ласо за „кралскиот клуб“, па искусниот стратег доби стоечки овации од сите присутни во салата кои траеја неколку минути, а на трибините можеше да се забележи и транспарент на кој пишуваше: Најдобар тренер во историјата на Реал Мадрид… ни недостигаш.

Се вчитува...