Реал Мадрид стави крај на една ера со заминувањето на Серхио Рамос, но „кралевите“ речиси и да не го осетија отсуството на легендарниот шпански стопер бидејќи на слободен трансфер успеаја да го ангажираат Давид Алаба од Баерн Минхен, австрискиот репрезентативец кој одлично ја пополни „празнината“ во одбраната.
Рамос не беше единствениот кој го напушти тимот, по неговите стапки замина и Рафаел Варан, а „кралевите“ замената за францускиот репрезентативец ја најдоа во Антонио Рудигер. Договорот на Германецот со Челси истекува ова лето, а англиските медиуми велат дека сите во Мадрид го очекуваат неговиот потпис.
Рудигер не успеа да најде заеднички јазик со раководството на Челси, причината беше желбата за поголеми примања кои пак не се проблем за „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА