Реал Мадрид во мисија „Мбапе“

Баерн Минхен се откажа од Килијан Мбапе, кој се уште не се согласил да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, а целата ситуација ја следи Реал Мадрид.

Реал во минатото имаше преговори за купување на играчи како Нејмар, Кавани, Мбапе, но немаше конкретни понуди. Мадриѓаните веќе со години прават „бум“ на пазарот затоа што се во можност да го сторат тоа, тие имаат име, традиција и пари. Сепак, раководството на „кралскиот клуб“ се’ уште не сака да влезе во официјални преговори со управата на парискиот клуб и Нејмар, бидејќи не сака да ги расипе нивните меѓусебните односи.

Францускиот клуб се надева дека ќе ја продолжи соработката со Мбапе, но тој веќе некое време одбива да потпише нов договор, додека сегашниот му истекува во 2022 година.

Доколку остане ваква ситуацијата, според медиумите од Шпанија, Реал веќе планира да започне преговори во јуни 2021 година, кога ПСЖ ќе мора да ја намали цената на играчот во однос на сегашната за да може да заработи барем нешто од трансферот на младиот Мбапе.

Флорентино Перез е на потег, а дефинитивно не треба да се има сомнеж во тактиката на претседателот на Реал, кој толку многу пати досега покажа дека знае како да купи голем играч.

Се вчитува...