ПСЖ е новата „фудбалска династија“ – Реал на Роналдо е историја, се губи и Барса на Меси

Да стигнеш до врвот на Европа потребно е време, а и пари. Тоа добро го знае Роман Абрамович. кој по долгото вложување во Челси стигна до трофеј во Лигата на Шампиони, упорен беше и Баерн па на крајот доминантно го врати трофејот во Минхен, но има и клубови кои веќе инвестирале суми изразени во милијарди, па се уште чекаат на пехарот во елитното европско натпреварување.

Во моментите кога великаните од Шпанија, Реал Мадрид и Барселона се наоѓаат во опаѓачка форма, без Роналдо, односно преморениот Меси, се отвара прашањето кој ќе го превземе врвот на Европа? Англичаните преку Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, „тропаат“ на вратата на најдобрите, но не смее да се заборави и ПСЖ.

Играчкиот кадар на францускиот клуб со Нејмар и Мбапе ветува светла иднина, а доколку катарските шеици продолжат да трошат пари на својот клуб, тимот од „Паркот на Принцовите“ би можел наскоро да ги замени Барселона и Реал, кои од 2011 година па наваму поделија шест од десет титули како Прваци на Европа.

Клучот е во задржување на мега-ѕвездите на тимот, Нејмар и Мбапе, чии договори истекуваат во 2022 година, а во Франција веќе се работи на задржување на Бразилецот и Французинот. Претседателот Насер ал Келаифи, е смирен и оптимист за иднината на клубот.

„Започнавме разговори со Нејмар и Килијан Мбапе, кои ќе останат доверливи, но јас сум оптимист. И двајцата сакаат да останат во клубот“ – изјави неодамна Ал Келаифи

Ако на овие двајца големи асови им се додаде и Лео Меси, за кого „светците“ не кријат дека сакаат да го доведат во 2021 година, јасно е дека ПСЖ е подготвен за последниот чекор, па по овогодинешниот пласман во финалето од ЛШ францускиот првак ќе има се што му е потребно за да стане европски првак, но и да формира нова „фудбалска династија“ што со години би доминирала во ова натпреврување.

Се вчитува...