Релаксирачки тренинг пред заминувањето за Германија (ФОТО)

По вчерашната победа против Лихтенштајн, македонската репрезентација попладнево одработи релаксирачки тренинг како дел од подготовките за следниот натпревар со Германија.

Националниот тим утре заминува за Германија, каде ќе следи финалната тактичка подготовка за пресметката со првиот фаворит во групата за освојување на мундијалското место.

Натпреварот со Германците се игра во среда (31. март) на „МСВ-арената“ во Дуисбург со почеток од 20:45 часот. Селекторот Игор Ангеловски на располагање ги има сите повикани фудбалери, со исклучок на Илија Несторовски кој нема да биде во комбинација по некоректната реакција по погодокот на дуелот со Лихтенштајн.

Се вчитува...