Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Мечот на Градскиот стадион во Тетово мина главно во израмнета игра на двете страни, без посебно нагласени шанси за погодок. На крајот реален резултат, веројатно за задоволство на стручните штабови од двата клуба.

По ова реми, Силекс дополнително се зацврсти на третата позиција на табелата со 32 бода, шест повеќе од четвртопласираниот Шкупи, а 7 помалку од второпласираниот Вардар. Ренова со 20 бода сега е на делбата на седмата позиција со Победа, која утре од 14 часот на националната арена „Филип Втори“ го игра својот меч од ова коло против шампионот Вардар.

УТРЕ СЕ ИГРААТ ОСТАНАТИТЕ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ОД 20. КОЛО

Се вчитува...