Репрезентативецот Ердон Даци со два гола го „стресе“ Галатасарај (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец Ердон Даци одигра извонредна партија во дресот на Коњаспор во големата победа од 4-3 против Галатасарај во 16. коло од турската Суперлига.

Даци беше стрелец на првите два гола за Коњаспор. Најпрво во 39. минута запиша прв гол сезонава за својот клуб, откако првично поради офсајд позиција му беше поништен, но тоа со ВАР-системот погодокот беше потврден.

 

За вториот гол, на почетокот од второто полувреме, Даци извонредно реагираше совладувајќи го голманот на Галатасарај.

 

Даци настапи до 87. минута, напуштајќи ја играта при водство на Коњаспор од 3-2 во тие моменти. Во судиското продолжение имаше по еден погодок на двете страни за конечни 4-3.

Се вчитува...